• недела, 24 ноември 2024

Жени со висок статус барале од таткото на Илон Маск да им донира сперма

Жени со висок статус барале  од таткото на Илон Маск да им донира сперма
Лос Анџелес, 22 јули 2022 (МИА) - Жени „од високото друштво“ му барале на таткото на успешниот мултимилијардер Илон Маск, Ерол - да им донира од својата сперма... Ерол (76), за кого медиумите претходно пишуваа дека изјавил дека смислата на животот на Земјата „е да се размножуваме“, се чини, „ја исполнил својата мисија“, откако компанија во Колумбија побарала од него да донира сперма. - Една компанија во Колумбија ми побара да дадам сперма за оплодување на Колумбијки од високото друштво. Тие велат: „Зошто да одат кај Илон кога можат да одат кај вистинската личност што „го создала“ Илон?“, изјави Ерол. Тој притоа додава дека не му биле понудени пари, но меѓу понудите било „првокласно патување“ и сместување во хотел со пет ѕвезди. Ерол, инаку, е татко на седум деца - Илон, Кимбал, Тоска, близнаците Аша Роуз и Александра, Елиот и најновиот член на семејството, чие име не е откриено. Во екот на правната битка на неговиот син Илон со Твитер, Ерол годинава откри дека пред три години добил второ бебе со неговата поќерка Хана Безуденхот... Тој ја одгледал Хана, која е 41 година помлада од него. Таа имала четири години кога Ерол се оженил со нејзината мајка Хајде и со неа имал две деца, кои се, всушност, полубрат и полусестра на Хана.  си/

Остани поврзан