• понеделник, 02 септември 2024

„Жени во занаетчиство“ - изложба во Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод Деновите на занаетчиство

„Жени во занаетчиство“ - изложба во Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод Деновите на занаетчиство

Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - По повод Деновите на занаетчиство денеска во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“, чијшто покровител е сопругата на шефот на државата Елизабета Ѓоргиевска.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на отворањето на изложбата предвидено е да се обратат првата дама Ѓоргиевска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската комора - Скопје, Анета Атанасовска. фф/сп/

Остани поврзан