• недела, 24 ноември 2024

Жените од Гренланд на кои насилно им била вградена контрацепција бараат компензација од Данска

Жените од Гренланд на кои насилно им била вградена контрацепција бараат компензација од Данска

Копенхаген, 3 октомври 2023 (МИА) - Група жени од Гренланд бараат компензација од Данска за спроведување на кампања за принудна контрацепција во 1960-тите, изјави денеска нивниот адвокат.

Со оглед на тоа што официјалниот извештај од владите на Гренланд и Данска треба да се достави до мај 2025 година, групата сега бара компензација, имајќи предвид дека некои од жените сега се на возраст од 70 и 80 години.

-Знаеме дека имало прекршување на законот и човековите права, рече Наја Либерт, една од жените кои бараа компензација.

Скандалот излезе на виделина минатата година кога данската телевизија објави дека извештаите покажуваат дека меѓу 1966 и 1970 година, 4.500 спирали биле вградени кај жени и девојчиња, почнувајќи од 13-годишна возраст, без нивно знаење или согласност.

Данската и Гренландската влада собраа тим од истражувачи за да ги откријат размерите на случајот. Гренланд доби авторитет над својот здравствен систем во 1991 година. Секоја жена бара 300 илјади дански круни (40.216 евра), изјави нивниот адвокат Мадс Праминг, кој денеска испрати барања во име на повредените жени до канцеларијата на премиерот Мете Фредериксен.

Минатата година Данска јавно им се извини на жртвите од експериментот од 1950-тите, во кој децата од Гренланд беа однесени во Данска. мс/

фото: Reproductive Health Supplies Coalition за Unsplash.com

Остани поврзан