• среда, 25 декември 2024

Женесио седна на клупата на Лил

Женесио седна на клупата на Лил


Лил, 6 јуни 2024 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Лил и официјално соопшти дека за нов тренер го ангажирал Бруно Женесио, со кој е потпишан двегодишен договор.
Женесио (57) на клупата на Лил ќе го замени Португалецот Паоло Фонсека, кој минатата сезона со клубот го освои четвртото место во француската Лига 1, што на Лил ќе му донесе настап во квалификациите за Лигата на шампиони.
„Единствените сериозни преговори што ги водевме беа со Бруно, со кого се договоривме да соработуваме“, изјави претседателот на Лил, Оливие Летанга.
Женесио остави длабока трага како тренер на Лион, каде работеше од 2015 до 2019 година, а потоа го водеше и Рен од 2021 до минатата година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан