• вторник, 19 ноември 2024

Женг и Крејчикова се пласираа на завршниот ВТА турнир

Женг и Крејчикова се пласираа на завршниот ВТА турнир

 

Ријад, 16 октомври 2024 (МИА) – Кинеската тенисерка Кингвен Женг и Барбора Крејчикова од Чешка обезбедија настап на завршното ВТА финале, на кој најдобрите осум тенисерки ќе играат во Ријад.

Женг и Крејчикова им се придружија на Ига Швјонтек, Белорусинката Арина Сабаленка, Коко Гауф и Џесика Пегула од САД, Јелена Рибакина од Казахстан и Италијанката Јасмин Паолини.

Прва резерва треба да биде американската тенисерка, Ема Наваро.

Женг годинава играше во финалето на Австралија опен, а освои златен медал на Олимписките игри во Париз, додека Крејчикова славеше на Вимблдон, освојувајќи го вториот грен слем трофеј во кариерата. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан