• недела, 24 ноември 2024

Жена падна од трети кат на социјална зграда во Охрид, приведени две лица

Жена падна од трети кат на социјална зграда во Охрид, приведени две лица

Охрид, 8 март 2024 (МИА) – Немил настан се случи денеска во зградата каде се сместени социјално ранливи семејства на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.

Според полициското соопштение, во 11:10 часот бил пријавен случајот за пад на женско лице од трети кат во односната зграда. Жената со тешки телесни повреди со возило на Службата за итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

СВР – Охрид соопшти дека во врска со настанот во 11:45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, биле лишени од слобода лицата А.Д.(32) и Е.М.(21), двајцата од Охрид.

На местото на настанот увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на околностите во врска со случајот.

Според непотврдени информации, повредената С.О. која била контактибилна во болницата каде е пренесена пред истражните органи дала изјава дека сама скокнала од балконот. аб/аа/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан