• четврток, 26 декември 2024

Жена во Мелбурн починала од мачкина гребаница

Жена  во Мелбурн починала од мачкина гребаница
Мелбурн, 7 јули 2020 (МИА) - Една повозрасна жена од Мелбурн, Австралија, починала откако нејзината мачка ја изгребала, а потоа ѝ ја излижала раната. Како што објави „Хералд сан", бабичката била во бессознание кога нејзините блиски ја нашле в постела, со мачето до неа. Лекарите пак, во организмот на 80-годишната старица откриле бактерија „pasteurella multocida“, којашто предизвикува бактериски менингитис. Жената била во кома девет дена, по што апаратите за одржување во живот, ѝ биле исклучени. Директорката на инфективното одделение во болницата, Линдзи Грејсон изјави дека луѓето не треба да им дозволуваат на мачките да им ги лижат раните. А пак, оние кои имаат нарушувања во имуниот систем - треба потполно да избегнуваат домашни миленичиња.  си/

Остани поврзан