• среда, 20 ноември 2024

Жена во Ел Салвадор осудена на 30 години затвор поради абортус

Жена во Ел Салвадор осудена на 30 години затвор поради абортус
Сан Салвадор, 11 мај 2022 (МИА) -  Суд во Ел Салвадор осуди жена, која имала итна акушерска интервенција за да ја прекине бременоста, на 30 години затвор под обвинение за тешко убиство, објави граѓанската организација што помага при нејзината одбрана. Невладината „Група граѓани за декриминализација на абортусот“ денеска соопшија дека жената која е идентификувана само како „Есме“ е осудена завчера. Осуденичката е во истражен притвор две години откако е уапсена, откако побарала лекарска помош во државна болница. Граѓанското здружение соопшти дека „судијата постапил пристрасно“ и најави дека ќе се жали на пресудата. Во Ел Салвадор е во сила целосна забрана на абортусот, а голем број жени се уапсени и осудени на затвор по абортуси кои биле пријавени кај властите, наведуваат западни медиуми.  си/сд/

Остани поврзан