• недела, 29 декември 2024

Железничкиот сообраќај се нормализира, исполнети барањата на машинскиот и извршен персонал на Железници - Транспорт

Железничкиот сообраќај се нормализира, исполнети барањата на машинскиот и извршен персонал на Железници - Транспорт

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт. 

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски во изјава за МИА рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци. 

- Исполнето е нашето барање за исплата на патните трошоци. Бојкотот во МЖ Транспорт ќе прекине со возот 643 кој од Скопје за Битола попладнево наместо во 14:30 часот, ќе тргне со задоцнување отприлика од 90 минути, рече Димовски.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт од петокот попладне стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот  месец. бак/аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан