• вторник, 24 декември 2024

Железниците на ФБиХ со огромни загуби по природната катастрофа

Железниците на ФБиХ со огромни загуби по природната катастрофа

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, на вонредна конференција по итната седница на Владата на ФБиХ, изјави дека ќе бидат потребни неколку месеци за поправка и воспоставување на железничкиот сообраќај кон Плоче, кој е уништен по природната катастрофа.

-Нема да биде проблем да се санира до Јабланица, но ќе биде потешко овој дел од Острошец. Слушнавме прогноза (од Железници на ФБиХ) дека тоа ќе трае неколку месеци, а ние побаравме тоа да се направи во најкраток можен рок, и тие ќе добијат помош за да ги користат ресурсите на Владата на ФБиХ, изјави Никшиќ.

Тој исто така изјави дека блокадата на железницата ќе предизвика огромна штета за економијата, а особено за Железниците на ФБиХ. Според информациите од Никшиќ, дневната штета поради блокадата на овој сообраќај изнесува 280.000 КМ (околу 143.000 евра).

- Ние сметаме дека со ресурсите што ги имаме можеме да ги санираме последиците. Меѓутоа, сега добивме информации од директорот на Железниците на ФБиХ, кои се најпогодени поради зависноста од комуникацијата преку пристаништето Плоче. Ова може да доведе до огромни штети“, рече Никшиќ.

На крајот, тој нагласи дека стручњаците во наредните неколку дена ќе излезат на терен за да ја проценат состојбата на железничката пруга во областа погодена од поплавите. ссм/

Остани поврзан