• четврток, 26 декември 2024

Желбите на политичарите во година на двојни избори

Желбите на политичарите во година на двојни избори

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Доаѓањето на новата година во секој од нас буди надеж за подобра иднина, особено по последниве години исполнети со економски, здравствени, политички, а во некои делови од светот и воени дејствија. За нас останува дилемата што понатаму во годината кога треба да се одржат двојни избори (претседателски и парламентарни). Неизвесноста се зголемува и со фактот дека следуваат избори и за Европскиот парламент, бидејќи огромно мнозинство граѓани ја сметаат Европската унија за свој иден дом. 

Желбите за добро здравје, љубов и бериќет доминираат, но што си посакуваат политичарите за годината кога граѓаните треба повторно да решат кое бројче на избирачкото ливче ќе го заокружат.  

Една од помладите пратенички, претседателката на Либерално-демократската партија и веројатно кандидат за уште еден мандат Моника Зајкова за МИА вели:

- Ќе посакам до сите конечно да ја разбудат свеста за важноста на државата бидејќи некако во тој лов на политички поени заборавија кои се приоритетите на државата и на граѓаните. Нека биде честитка за добро здравје, успех и будење на свеста и разумот“. 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги честиташе новогодишните празници со желби за убави празници и многу радосни моменти во 2024 година. 

Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Гр

-Новогодишните ѕвезди силно нека ни го осветлат патот до заедничкиот успех, патот до Европската унија, напиша Маричиќ на Фејсбук.  

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посака новата 2024 година за сите нас да биде година на напредок, нови предизвици и нови успеси.

-Нека биде година на нови можности и нови победи, победи за народот и победи за Македонија! Ви посакувам добро здравје, среќа и радости со најблиските! Среќна Нова година! Да сте живи и здрави!, напиша тој. 

За пролетните избори се трча маратонски 

Подготовките за претседателските избори на 24 април, и парламентарните избори на 8 мај се почнати одамна, како на терен, така и на социјалните медиуми. Се трча маратонски од село до село, од град до град, се промовираат „успесите“, се конфронтира за „неуспесите“... За програмите речиси и да не се зборува се уште, а делумно се промовираат и кандидатите. 

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата,

За претседателските избори партиите уште мерат „анкети“ пред да пресечат. За техничката влада владејачката коалиција веќе ги кажа своите адути вклучувајќи го и техничкиот премиер, додека на опозицијата се уште се чека иако и таму се наѕираат решенијата. За парламентарните избори се уште се кројат коалициите и листите, но јасно е лидерски дуел ќе има во првата изборна единица каде, според најавите, носители ќе бидат актуелниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. 

После 9 јануари се очекува во јавноста да бидат објавени официјалните решенија за преодната влада, и од опозицијата. Владејачките партии веќе го извршија својот избор. Технички премиер ќе биде претседателот на Собранието Талат Џафери, а на негово место до крајот на мандатот ќе седне  координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески. 

Пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи Предлог-законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија, а  кое е влезено во собрани

СДСМ донесе одлука кандидати за техничката влада да бидат актуелните вицепремиери и министри - вицепремиерка за добро владеење Славица Грковска, за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за европски прашања Бојан Маричиќ, за министери за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, за животна средна и просторно планирање Каја Шукова. за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, за одбрана Славјанка Петровска. За кандидати за дополнителни заменици министри за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен Шеф на кабинет на министерот Спасовски, и за труд и социјална политика, актуелната министерка, Јована Тренчевска. 

ДУИ го соопшти својот предлог за технички премиер и во ресорите што тие ги предводат не се очекуваат промени. 

ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада која се бира 100 дена пред одржување на изборите до избор на новата влада треба да предложи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителни министри за финансии, за земјоделство, шумарство и за информатичко општество и администрација. 

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. 

Изборите, како што најави, претседателот на Собранието Џафери ќе бидат распишани во средината на февруари, а седницата изборот на техничката влада треба да биде направен на 28 февруари. На ова треба да претходат седници за констатирање на оставка на премиерот и претседателот на Собранието, доверување на мандатот на техничкиот премиер од страна на претседателот на државата... 

Претседателски и парламентарни избори во редовен термин во 2024, локални избори во 2025 година 

Она по што ќе се разликуваат овие избори од некои претходни е што ќе се одржуваат во среда, а не во недела како што вообичаено се случува. Кампањата за претседателките избори ќе почне на 4-5 април и ќе има преклопување од неколку дена со онаа за парламентарните избори. На изборите гласа и дијапората, а ќе се употребуваат и апаратите за отпечаток на прст за идентификација на гласачите.

.   

СДСМ и БЕСА вчера формираа предизборна коалиција, и заеднички ќе настапат на превдремените парламентарни избори на 12 април, со што за првпат се формираше предизборна коалиција на македонска

Седмите претседателски избори на коишто ќе бираме шести претседател по независноста ќе се одржат на 24 април (среда), а вториот круг, доколку има, е две недели подоцна на 8 мај, кога ќе се одржат и единаесетите парламентарни избори, овој пат во редовниот термин. 

The constitutional revision is not the last big and difficult decision on our EU path. Once the screening report on the rule of law chapter arrives, we will again face with laws related to th

Од денешната перспектива победници на изборите се двата блока, и власта и опозицијата, иако анкетите покажуваат дека може да дојде до промена на чело на Владата и во Парламентот. Сепак, лидерите на двата блока и кај Македонците и кај Албанците и другите партии велат дека до април односно мај има доста време. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати  на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и

Меѓу политичките елити постои едногласие дека сепак, претседателките избори на 24 април се клучни во тоа кој ќе победи на 8 мај бидејќи „луѓето одат со победниците“. 

Државна изборна комисија соопшти дека заклучно  30 август 2021 до 21:00 часот вкупно 9890 лица се провериле во Избирачкиот список.

Засега останува неизвесна и судбината на составот на Државната изборна комисија (ДИК), по испразнувањето на местото на Кренар Лога од АА, кој стана министер за правда. Партиите на Албанците спорат за местото. Предложени беа Абдуш Демири, од Европски сојуз за промена и Зулфи Адили, од Европската народна партија. Европскиот сојуз за промени најави дека ќе го бојкотира Собранието доколку не биде прифатен нивниот кандидат. 

Освен нов член на ДИК, во очекување сме и на новите измени на Изборниот законик, кој се очекува да биде поднесен од пратеничките групи. Овие измени треба да бидат согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. 

Официјално, работата по изборите ДИК ќе ја почне од нивното распишување со увојување на роковникот за изборни дејствија. Неофицијално, тие веќе се подготвуваат за избори. 

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се к

Во меѓувреме, сите оние кои сакаат да се проверат дали ќе можат да гласаат, тоа можат да го направат преку веб страната на ДИК во Единствениот избирачки список. 

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде на 12 мај, конституирањето на новиот Парламент до крајот на мај, а новата Влада да биде избрана до крајот на јуни.  

Но, трката нема да запре, бидејќи веќе во 2025 година се локалните избори. 

Елизабета Велјановска Најдеска  

 Фото: МИА Архива 

 

 

 

 

 

Остани поврзан