• четврток, 26 декември 2024

Жапаров: Русија останува главниот стратешки партнер на Киргистан

Жапаров: Русија останува главниот стратешки партнер на Киргистан
Бишкек, 10 октомври 2020 (МИА) - Русија ќе остане главниот стратешки партнер на Киргистан, навести новоизбраниот премиер на оваа централноазиска држава, Садир Жапаров. Запрашан за изгледите за соработка меѓу двете земји Жапаров рече дека Русија е стратешки партнер на Киргистан и дека така и ќе остане, пренесе Tасс. Киргистанскиот Парламент денеска го избра Садир Жапаров за нов премиер на земјата, надминувајќи го политичкиот вакуум во политички нестабилната земја, која е зафатена од бран немири по парламентарните избори од 4  октомври. Новиот премиер веднаш по изборот соопшти дека нема намера да го менува составот на новата влада, нема да учествува на претстојните парламентарни избори и нема да ги прогонува неговите политички противници. сд/

Остани поврзан