• недела, 24 ноември 2024

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Поетот Жан Пјер Симеон од Франција е добитник на наградата „Златен венец“ за оваа година, додека пак наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои германската поетеса Катрин Пиц за нејзината дебитантска збирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Лауреатите денеска беа прогласени од Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

По свеченото прогласување во МАНУ што се одржа денеска на Светскиот ден на поезијата, продолжи традиционалното поетско читање на кое настапуваат истакнати поети - членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети.бт/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан