• сабота, 28 декември 2024

Жан Пјер: Нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на непосреден начин

Жан Пјер: Нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на непосреден начин
Вашингтон, 7 октомври 2022 (МИА) - Немаме причина да ја актуелизираме нашата стратешка нуклеарна позиција, исто како што немаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје на непосреден начин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер. Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека за првпат по Студената војна, светот се соочува со ризик од нуклеарен Армагедон. На прашањето дали предупредувањата на Бајден се поврзани со нови разузнавачки информации достапни за САД, портпаролката на Белата куќа одговори: „Не“. Таа додаде дека зборовите на Бајден се засилена верзија на претходните изјави од Белата куќа, кои покажуваат колку сериозно се сфаќаат заканите на Русија. паг/  

Остани поврзан