• сабота, 23 ноември 2024

Жалбата на Бордо одбиена, клубот би можел да испадне во француската петта лига

Жалбата на Бордо одбиена, клубот би можел да испадне во француската петта лига
Париз, 6 јули 2022 (МИА) - Комисијата за жалби на Француската фудбалска федерација вчера го потврди испаѓањето на Бордо во Третата лига. Тимот не успеа да ја помине финансиската проверка, па на 14 јуни беше донесена одлука Бордо да се пресели во третото по квалитет фудбалско натпреварување. Сепак, раководството на Бордо не се согласи со оваа пресуда и поднесе жалба, која на крајот беше одбиена. Претседателот на клубот Жерар Лопез има намера да ја продолжи борбата. Според „RMC Sport“, доколку Лопез не успее, Бордо може да поднесе барање за банкрот, во тој случај тимот ќе мора да ја започне новата сезона во Националната лига 3, петта дивизија во земјата. Да потсетиме дека на крајот од сезоната 2021/22, Бордо беше последен во поредокот во Лига 1 и испадна од елитната дивизија на францускиот фудбал. зс/

Остани поврзан