• вторник, 12 ноември 2024

Ејми Поуп избрана за нов генерален директор на ИОМ

Ејми Поуп избрана за нов генерален директор на ИОМ

Женева, 15 мај 2023 (МИА) - Поранешната советничка во Белата куќа Ејми Поуп денеска во Женева е избрана за генерален директор на Меѓународната организација за миграција при Обединетите нации.

ИОМ објави дека Поуп ќе биде првата жена на чело на организацијата. Нејзиниот мандат започнува на 1 октомври.

Поуп, која ја извршуваше функцијата заменик-генерален директор за менаџмент и организациски реформи, се бореше за функцијата со директорот на ИОМ, Антонио Виторину, кој ја извршува функцијата од 2018 година.

Таа на Твитер напиша дека е „почестена“ што 175-те земји членки ја избраа за нов генерален директор на ИОМ.

„Подготвена сум да работам со сите наши земји-членки и глобални партнери за да ги отворам можностите за ефикасна, организирана и хумана миграција“, напиша Поуп.

Во 2021 година, Поуп беше висок советник за имиграција во администрацијата на Џо Бајден. Тој сега јавно ја поддржа кандидатурата на својата поранешна советничка на чело на ИОМ. паг/

Фото: Јутјуб

 

 

Остани поврзан