• четврток, 26 декември 2024

ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно

ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно

Брисел, 25 септември 2023 (МИА) - Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото.

Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го забавуваат падот на цените иако економијата и понатаму е бавна.

Годишната инфлација во еврозоната е само благо намалена – од 5,2 отсто во јули на 5,3 отсто во август.

„Остануваме решени навремено да ја вратиме инфлацијата во рамките на среднорочната цел од 2 отсто“, рече Лагард пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент.

Според неа, инфлацијата се уште паѓа, но сепак се очекува да остане превисока уште долго време.

Минатата недела ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите на четири отсто, што е рекордно високо ниво откако во јули минатата година беше минус 0,5 отсто.

Аналитичарите веруваат дека ЕЦБ би можела да ја зголеми стапката со оглед на знаците за растечка слабост во европската економија.

Другите централни банки, вклучително и Банката на Англија и Федералните резерви на САД, се воздржаа од зголемувањето на каматните стапки минатата недела додека се ближат до крајот на нивните брзи кампањи за ограничување на инфлацијата.

Инфлацијата избувна кога глобалната економија закрепна од пандемијата на Ковид-19, поради проблеми со синџирите на снабдување, а потоа Русија ја нападна Украина, што доведе до зголемени цени на енергенсите и храната. ссм/

фото: архива

Остани поврзан