• четврток, 05 март 2026

Ефикасно попладне на дуелите од Премиер лигата

Ефикасно попладне на дуелите од Премиер лигата

Ливерпул, 28.февруари 2026 (МИА) – На трите натпревари одиграни попладнево во рамки на 28.коло од Премиер лигата беа постигнати вкупно 19 голови или повеќе од шест по натпревар. На два дуела победија гостите, а единствената победа ја оствари првакот Ливерпул.

На Енфилд „црвените“ го совладаа вест Хем со 5:2, а гостински победи остварија Евертон против Њукасл со 3:2 и Брентфорд против Барнли со 4:3, иако на овој натпревар домашните постигнаа гол за 4:4 и по прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.

На првиот дуел од денешната програма Борнмут одигра нерешено со Сандерленд 1:1.

Последниот натпревар од денешната програма меѓу Лидс и Манчестер Сити почнува во 18:30 часот.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан