• недела, 06 октомври 2024

Ефес прв финалист во кошаркарската Евролига

Ефес прв финалист во кошаркарската Евролига
Белград, 19 мај 2022 (МИА) – Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во Белград, откако вечерва во драматичен натпревар триумфираше над Олимпијакос со 77-74. Турскиот тим обезбеди второ последователно финале со тројка на српскиот кошаркар Василије Мициќ во последната секунда од првото полуфинале во белградската Арена. Шејн Ларкин беше најефикасен во редовите на Анадолу Ефес со 21 поени, додека Мициќ го заврши натпреварот со 15 поени. Второто полуфинале вечерва ќе донесе шпанска пресметка меѓу големите ривали Барселона и Реал Мадрид. ег/сд/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан