• вторник, 26 ноември 2024

ЕУ: Црна Гора треба да покаже напредок во слободата на медиумите

ЕУ: Црна Гора треба да покаже напредок во слободата на медиумите
Брисел, 5 мај 2020 (МИА) - Висок дипломат на ЕУ на денешниот брифинг со новинарите во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи утре преку видео-врска, порача дека за да отвори ново поглавје во преговорите, Црна Гора треба да покаже напредок во реформите. Дипломатот ја издвои слободата на изразување како посебна проблематика. -Црна Гора е една од најнапредните земји, но не смее да испушти од вид дека има уште реформи што треба да се имплементираат, и посебно за време на оваа пандемија, слободата на изразување, посебно на медиумите, е од голема важност, истакна дипломатот. тм/ми/

Остани поврзан