• недела, 24 ноември 2024

ЕУ: Принудни методи за следење „не доаѓаат предвид “

ЕУ: Принудни методи за следење „не доаѓаат предвид “
Брисел, 13 април 2020 (МИА) - Европскиот комесар за внатрешен пазар и економија Тиери Бретон изјави дека принудните мерки за следење преку телефон, кои имаат за цел да ги пронајдат луѓето заразени со коронавирусот не доаѓаат предвид. Неколку земји работат на мобилни апликации кои, благодарение на паметните телефони, ќе овозможат идентификација на заразени лица и предупредување на лица кои биле во контакт со некои од заразените. - Тоа не доаѓа предвид и никогаш, ама никогаш, нема да поддржиме мерки кои ги сметаме за присилни, рече Бретон и додаде дека такво нешто може да се реализира само на доброволна основа. Такви податоци смеат да користат „исклучиво здравствените власти, правосудните власти не смеат да имаат пристап, а ниту полицијата и осигурителните компании, рече Бретон. Тие начела се содржани во „алатките“ што ги елаборираше Европската комисија за да ги одреди „насоките за она што би требало да се преземе, односно она што не треба да се прави“. - Целта ни е тие начела во идните десетина дена да ги прифатат сите држави членки на ЕУ, истакна Бретон. јт/

Остани поврзан