• сабота, 09 ноември 2024

ЕУ ќе ја координира испораката на хуманитарна помош за Украина

ЕУ ќе ја координира испораката на хуманитарна помош за Украина
Брисел, 19 февруари 2022 (МИА) – Европската унија денеска соопшти дека ќе ја координира испораката на хуманитарна помош во Украина, особено медицински материјали и заштитна опрема по воздушен пат, по барање на Киев. Помошта што ја даваат земјите-членки „има за цел да ги поддржи напорите на Украина да се подготви за сите можни сценарија“, се вели во соопштението на Европската комисија. Помошта вклучува медицински маски за еднократна употреба, стерилни ракавици, електрични генератори, антибиотици и средства за дезинфекција обезбедени од Словенија, Ирска, Романија и Австрија. Франција ќе обезбеди стотици шатори, простирки, ќебиња и вреќи за спиење, 3.000 ракавици за „хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна“ заштита, како и мобилна болница која ќе може да лекува 500 луѓе, се вели во соопштението. - Откако Украина побара наша помош, ние работевме дење и ноќе за да им помогнеме на властите, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич. - Помош за цивилната заштита е на пат. Словенија, Романија, Франција, Ирска и Австрија веќе дадоа помош и очекувам дополнителна помош од другите земји-членки на ЕУ во наредните денови, додаде тој. јт/

Остани поврзан