• вторник, 19 ноември 2024

ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари

ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари

Брисел, 14 мај 2024 (МИА) – Европската унија планира летово да стационира повеќе од 500 пожарникари од 12 земји на важни локации во Европа за да се обидат да се борат со шумските пожари.

Тие, меѓу другите, ќе ги поддржат локалните противпожарни бригади во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, соопшти денеска Европската комисија.

„Оваа проактивна мерка ја зајакнува подготвеноста на Европа да се бори со шумските пожари и да го ублажи нивното разорно влијание врз животите, домовите и животната средина“, се вели во соопштението.

ЕУ направи слични планови за минатогодишната сезона на шумски пожари, но во помал обем.

Со цел да биде подобро опремена за борба против пожарите, ЕУ сега се потпира на специјална флота противпожарни авиони, пренесе ДПА.

Таа се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји-членки.

Минатата година, над половина милион хектари беа уништени во шумски пожари во ЕУ откако климатските промени предизвикаа високи температури.

Во однос на изгорената површина, тоа ја прави 2023 година една од најлошите години за шумски пожари во ЕУ, се вели во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Комисијата на ЕУ (JRC). јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан