• недела, 24 ноември 2024

ЕУ ќе плаќа повисоки цени за вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на Модерна

ЕУ ќе плаќа повисоки цени за вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на Модерна
Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) - Американските фармацевтски компании Фајзер и Модерна ги зголемија цените на вакцините против Ковид-19 за земјите-членки на Европска Унија, објави денеска Фајненшл тајмс. Вакцината на Фајзер од 15,50 евра сега ќе се продава за 19,50 евра, додека вакцината на Модерна од 19 евра е зголемена на 21,50 евра.. Европска комисија претходно соопшти дека ЕУ е на добар пат да ја постигне целта - целосно вакцинирани најмалку 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото. Ниту Фајзер ниту Модерна не го коментираа засега зголемувањето на цената на вакцините против Ковид-19. ми/

Остани поврзан