• четврток, 26 декември 2024

ЕУ ќе го разгледа Договорот помеѓу Русија и Германија за гасоводот Северен поток 2

ЕУ ќе го разгледа Договорот помеѓу Русија и Германија за гасоводот Северен поток 2
Брисел, 22 јули 2021 (МИА) - Европска Унија денеска повтори дека гасоводот Северен поток 2 помеѓу Русија и Германија не е од заеднички интерес на ЕУ, но дека ќе го разгледа постигнатиот Договор меѓу Вашингтон  и Берлин. - Ќе разговараме за ова со земјите-членки на ЕУ и нашите соседи, вклучувајќи ја и Украина, истакна портпаролот на Европската комисија на редовниот брифинг со новинарите, откако Вашингтон и Берлин ветија дека ќе ја ублажат безбедносната закана што ја носи гасоводот. ЕК исто така ја поздрави посветеноста на Германија за спроведување на „духот и регулативите на енергетската безбедност на ЕУ“, со оглед на напорите на Унијата да постигне поголема енергетска независност од Русија. САД и Германија вчера постигнаа договор за рускиот гасовод Северен поток 2, според кој Берлин се согласи да инвестира во инфраструктура за украинската зелена технологија, а Вашингтон вети дека ќе го одблокира проектот. Критичарите на гасоводот Северен поток 2 оценуваат дека тоа е руски геополитички проект, што ја загрозува европската енергетска безбедност. Тие, исто така, посочуваат дека гасоводот може да им наштети на интересите на Украина. Киев е зависен од милијардите што ги наплаќа за транзитна такса за рускиот гас. Додека тие што поддржуваат гасоводот, пак, ја обвинуваат САД дека сака да продаде свој, поскап гас во Европа. ми/

Остани поврзан