• четврток, 26 декември 2024

ЕУ ја поддржува Северна Македонија од почетокот на пандемијата, за ФСЕУ не ги исполни критерумите, велат од Делегацијата на ЕУ за МИА

ЕУ ја поддржува Северна Македонија од почетокот на пандемијата, за ФСЕУ не ги исполни критерумите, велат од Делегацијата на ЕУ за МИА
Скопје, 11 март 2021 (МИА) – Европската Унија обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Во врска со Фондот за солидарност на ЕУ, според нашите сознанија Северна Македонија не ги исполни поставените критериуми во моментот на аплицирање. Ова го наведоа Делегацијата на ЕУ во земјава во одговор на прашањето на МИА во врска со реакциите дека Северна Македонија не е меѓу земјите, кои ќе добијат средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ. -ЕУ обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош, наведуваат од ЕУ делегацијата за МИА. Потсетуваат дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан. -Ова доаѓа како дополнување кон Економскиот и инвестицискиот план дизајниран за поддршка на долгорочното закрепнување на економиите на земјите од Западен Балкан во вредност од девет милијарди евра, додаваат од ЕУ делегацијата. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан