• недела, 24 ноември 2024

ЕУ ја повика Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Медитеранот

ЕУ ја повика Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Медитеранот
Брисел, 30 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел синоќа предупреди дека сите „опции остануваат на маса“ во одбраната на интересите на Европската унија (ЕУ), доколку Турција не биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Средоземното Море. Грција, членка на ЕУ, и Турција, партнер на Грција во НАТО, во моментов се во спор околу разграничувањето на зоната за експлоатација на гас во источниот дел на Медитеранот. Ова прашање ќе се дискутира на самитот на ЕУ во четврток и петок во Брисел. Во поканата за самитот, Мишел информира дека вечерата на лидерите на ЕУ во четврток вечер ќе биде исклучиво посветена на ситуацијата во источниот Медитеран и на односите со Турција. - Нашата цел е да создадеме простор за конструктивен дијалог со Турција со цел да се постигне стабилност и безбедност во целиот регион и да се гарантира целосно почитување на суверенитетот и суверените права на сите земји-членки на ЕУ, наведе Мишел во писмото. Претседателот на Европскиот совет додаде дека тоа е можно само ако Турција биде конструктивна. - Сите опции остануваат на маса за одбрана на легитимните интереси на ЕУ и нејзините членки, додаде Мишел. Покрај источниот Медитеран, самитот на ЕУ ќе се фокусира на ситуацијата во Белорусија, труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ситуацијата во регионот Нагорно Карабах, каде се судираат безбедносните сили на Азербејџан и Ерменија. јт/

Остани поврзан