• недела, 24 ноември 2024

ЕУ ја повика Кина да ја укине забраната за емитување на на Светскиот сервис на Би-Би-Си

ЕУ ја повика Кина да ја укине забраната за емитување на на Светскиот сервис на Би-Би-Си
Брисел, 13 февруари 2021 (МИА) - Европска Унија денеска ја повика Кина да ја укине забраната за емитување на програмата на британската телевизија Би-Би-Си Ворлд њуз (BBC World News). Во соопштението на ЕУ се наведува дека со забраната за емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си Кина дополнително ја ограничува „слободата на изразување и пристап до информации„ и ги крши кинескиот Устав и Универзалната декларација за човекови права. ЕУ наведува и дека најавата за престанок на емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си во Хонг Конг дополнително ќе се „нарушат правата и слободите“ во полуавтономната кинеска територија. - ЕУ и понатаму е цврсто посветена на заштита на медиумските слободи и плурализам, како и заштита на правото на слобода на изразување во и вон мрежата, вклучително и слободата на мислење и ширење на информации без никакво попречување, се истакнува во соопштението на ЕУ. Иако Велика Британија не е повеќе членка на ЕУ, таа е членка на Советот на Европа, кој го набљудува Договорот од 1989 година што се однесува на лиценците за емитување. Забраната за емитување на Би-Би-Си во Кина вчера ја осудија САД и Велика Британија. Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) на 11 февруари го забрани емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си со образложени дека телевизијата „сериозно“ ги прекршила прописите во земјата. Во соопшттението на НРТА се истакнува дека светскиот сервис на Би-Би-Си го прекршила принципот за веродостојни и точни информации и оти и наштетува на националните интереси на Кина. Официјален Пекинг го критикуваше Би-Би-Си поради известувањата за Ковид-19 и за прогонот на етничкото муслиманско малцинство Ујгири. Забраната за Би-Би-Си најверојатно е реципрочна мерка по укинувањето на дозволата за емитување на кинеската сателитскла телевизија на англиски јазик ЦГТН во Велика Британија. Британскиот регулатор ја укина дозволата за кинеската телевизија на 4 февруари со образложение дека телевизијата е поврзана со владејачката Комунистичка партија на Кина. Тогаш Пекинг наведе дека дозволата е одземена од политички причини и оти Кина има право да одговори за да ги заштити правата и интересите на кинеските медиуми. ми/

Тагови

Остани поврзан