• среда, 25 декември 2024

ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег

ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег

Брисел, 7 март 2023 (МИА) - Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс. 

- ЕУ повторува дека населбите се илегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, бидејќи го загрозуваат решението за создавање две држави. Понатаму, проширувањето на населбите целосно не е во согласност со тековните напори за намалување на тензиите, што е уште поважно пред претстојните верски свечености Рамазан, Пасха и Велигден, се наведува во реакцијата. 

Стано посочува дека позицијата на ЕУ останува непроменета и таа нема да признае никакви промени на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен оние што ќе ги договорат страните. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан