• недела, 24 ноември 2024

ЕУ ја забрзува финансиската помош за Турција наменета за сириските бегалци

ЕУ ја забрзува финансиската помош за Турција наменета за сириските бегалци
Брисел, 4 март 2020 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при што се заложи за забрзување на давањето нова финансиска помош за сириските бегалци, се наведува во соопштението од ЕС. - Средбата беше отворена и неопходна. Фокусот на разговорите беше ставен на миграциската ситуација по морските и копнените граници на ЕУ и кризата во Сирија, рече Мишел. - Неопходно е да се намали сегашниот миграциски притисок по должината на европските граници. Европа е подготвена да ја засили поддршката за Сиријците во Турција, потенцираше претседателот на ЕС. Во соопштението се истакнува и дека Мишел „ја потврдува својата поддршка за Грција, Бугарија и Кипар“. - Постои итна потреба од постојан прекин на огнот и трајно политичко решение за сириската криза. Сите земји мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. Хуманитарниот пристап е клучен и Европа е подготвена да обезбеди дополнителна помош за внатрешно раселените лица во Идлиб, се потенцира во соопштението.  За денешната средба со Шарл Мишел од кабинетот на Ердоган соопштија само дека била двочасовна и се одржала во претседателската палата, јави Анадолија. На средбата присуствувале и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел. ссм/  

Остани поврзан