• четврток, 26 декември 2024

ЕУ упати предупредување до Полска за новиот план за азил

ЕУ упати предупредување до Полска за новиот план за азил

Брисел, 14 октомври 2024 (МИА) - Контроверзниот нов план на Полска за одбивање на мигранти кои доаѓаат преку границата со Белорусија ризикува да ги прекрши обврските на земјата за човекови права, предупреди денеска Европската Унија.

Премиерот на Полска Доналд Туск претходно изнесе предлог за нова стратегија за миграции која вклучува „привремено територијално суспендирање на правото на азил

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, активно ги охрабрува потенцијалните баратели на азил да дојдат во земјата, каде што неговите безбедносни сили ги носат на полската граница и потоа не им дозволуваат да се вратат.

Портпаролот на Европската комисија изјави за Политико дека земјите-членки „имаат меѓународни обврски и обврски кон ЕУ, вклучително и обврската да обезбедат пристап до процедурата за азил“.

- Мораме да работиме на европско решение – кое ќе биде силно против хибридните напади на Путин и Лукашенко, без да се загрозат нашите вредности, рече портпаролот на Европската комисија.

Портпаролот рече дека растечката криза, во која најмалку 26.000 луѓе од Блискиот Исток и Африка преминале во Полска само оваа година, покажува дека на Русија и Белорусија „не може да им се дозволи“ да ги користат европските вредности против ЕУ, вклучително и правото на азил, а тоа ги поткопува нивните демократии.

Европската комисија силно се спротивстави и на Будимпешта кога даде слични предлози на Варшава, што го натера унгарскиот премиер Виктор Орбан да се закани дека бегалците ќе ги превезе во Брисел со автобус. ссм/

фото: архива

Остани поврзан