• четврток, 26 декември 2024

ЕУ со санкции за воените крила на Хамас и на Исламски џихад

ЕУ со санкции за воените крила на Хамас и на Исламски џихад

Брисел, 12 април 2024 (МИА) - Земјите од Европската Унија денеска воведоа санкции за војската и специјалните единици на Хамас, како и за вооруженото крило на палестинскиот Исламски џихад, поради кршење на човековите права и одговорност за сексуално и родово насилство и за нападот врз Израел на 7 октомври.

Земјите на ЕУ соопштија дека со тоа што воените крила се ставени на списокот на санкционирани поради кршење на човековите права, сега Касам и Ал Кудс бригадите и силите Нукба се предмет на замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ. 

Со денешната одлука се забранува и нивно финансирање, директно или индиректно.

Хамас и Исламски џихад веќе се прогласени за терористички организации во Европската Унија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан