• сабота, 21 декември 2024

ЕУ се заканува дека ќе ги суспендира наградите на ТикТок Лајт поради ризикот од „зависност“

ЕУ се заканува дека ќе ги суспендира наградите на ТикТок Лајт поради ризикот од „зависност“

Брисел, 22 април 2024 (МИА) - ЕУ денеска започна истрага за апликацијата Лајт на ТикТок и се закани дека ќе ја суспендира функцијата „зависна“ што ги наградува корисниците за гледање и лајк на видеа, поради загриженоста за безбедноста на децата, изјави претставник на Европската комисија.

Европската комисија изразува загриженост за „ризиците од сериозна штета за менталното здравје на корисниците“, вклучително и малолетниците, од програмата за награди, рече претставникот.

ТикТок Лајт е во функција во Франција и Шпанија од март. паг/

Фото: ТикТок

Остани поврзан