ЕУ предлага санкциите против Русија да се прошират на пристаништа во Грузија и во Индонезија
- Европска Унија предложи санкциите против Русија, воведени поради агресијата врз Украина, да бидат проширени на пристаништа во Грузија и Индонезија, каде се тргува со руска нафта
Брисел, 9 февруари 2026 (МИА) – Европска Унија предложи санкциите против Русија, воведени поради агресијата врз Украина, да бидат проширени на пристаништа во Грузија и Индонезија, каде се тргува со руска нафта.
ЕУ предлага со 20-тиот пакет санкции кон Русија да бидат опфатени и пристаништата Кулеви во Грузија и Каримун во Индонезија. Санкциите би значеле дека на компании и на поединци од ЕУ ќе им биде забрането да извршуваат трансакции со тие две пристаништа.
Новиот пакет санкции вклучува забрана за увоз на никел, бакар, алуминиум, железна руда, сол, амонијак, силициум и крзно од Русија.
Санкциите треба да опфатат две банки од Киргистан и по една од Лаос и Таџикистан. ми/
фото: МИА архива