• среда, 25 март 2026

ЕУ предлага инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“

ЕУ предлага инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“

Брисел, 12 март 2026 (МИА) - ЕУ предложи инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“ и чека одговор од Украина, изјави портпарол на Унијата, цитиран од британските медиуми.

„Предложивме инспекциска мисија за гасоводот „Дружба“ во Украина“, рече портпаролот.

Испораките на руска нафта за Унгарија преку гасоводот се прекинати од крајот на јануари, кога објектот беше оштетен.

Киев вели дека рускиот напад погодил опрема на гасоводот „Дружба“ во западна Украина, а Словачка и Унгарија велат дека Украина е одговорна за продолжениот прекин во испораката на енергенси.сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан