• среда, 25 декември 2024

ЕУ постигна договор за 50 милијарди евра финансиска поддршка за Украина (ДПЛ) 

ЕУ постигна договор за 50 милијарди евра финансиска поддршка за Украина (ДПЛ) 

Брисел, 1 февруари 2024 (МИА) - Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс. 

- Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање“, напиша Мишел на Икс.  

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра (54 милијарди долари) помош за Украина на самитот во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.

Со ваквиот договор се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември.  

Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина.    

Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск. 

Како отстапка за Орбан, постигнат е договор за имплементацијата на пакетот помош за Украина, лидерите на ЕУ да одржуваат годишна дебата, како и Европската комисија да изработува годишен извештај за спроведувањето на Механизмот за помош на Украина. Доколку врз основа на овие дебати и извештаи се увиди потреба, по две години би можело да биде побарано од Еврокомисијата да предложи нова ревизија на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ. 

Унгарија мора да остане членка на Европската унија за да обезбеди пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека неговата земја ќе биде меѓу последните шт

Врз основа на денеска постигнатиот договор се очекува Белгија во својство на претседавач со ЕУ за в понеделник да свика „тријалог“ во Стразбур за усогласување на техничките детали на ревизијата. 

Договорот на европските лидери го поздрави украинскиот премиер Денис Шмихал, која оцени дека тој претставува поддршка „што ќе помогне да се оствари заедничка победа“. 

- Секој ваш глас е значаен придонес за нашата заедничка победа. Договорот е приказ на солидарност и единство во 27-члениот блок, наведе Шмихал во објава на социјалните мрежи. 

Инаку, со ревизијата на Буџетската рамка се предвидува обезбедување на дополнителни 64,6 милијарди евра, од кои 50 милијарди евра наменети за Украина за следните четири години и тоа 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици.   

Од останатите средства, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд во рамките на СТЕП и како резерви за солидарност и итна помош. сп/

Фото: Икс/МИА Архива

Остани поврзан