• четврток, 26 декември 2024

ЕУ подготвена да започне преговори со Британија за Гибралтар

ЕУ подготвена да започне преговори со Британија за Гибралтар
Брисел, 5 октомври 2021 (МИА) - ЕУ денеска соопшти дека е подготвена да започне преговори со Велика Британија за Гибралтар, британска прекуморска територија на јужниот Пиринејски полуостров. Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на ЕУ, објави дека преговарачката позиција на блокот е усвоена и дека Европската комисија сега може да започне преговори.

„Целта на преговорите е да се постигне широк и избалансиран договор помеѓу ЕУ и Обединетото кралство за Гибралтар, со оглед на специфичната географска положба и специфичностите на Гибралтар“, се наведува во соопштението.

Гибралтар не беше вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија кон крајот на минатата година, кој ги поставува основите на нивната врска и механизмите за решавање спорови. Жителите на Гибралтар гласаа со мнозинство гласови против Брегзит. Тие сега се соочуваат со големи проблеми бидејќи нивната мала територија, економски зависна од Шпанија, е принудена да се справи со последиците. Портпаролот на владата на Гибралтар рече дека главниот министер на територијата се очекува да даде изјава за разговорите подоцна денеска. Официјални лица во Гибралтар и британската влада се скептични во врска со преговарачкиот мандат на ЕУ што го претстави Комисијата во јули. паг/

Остани поврзан