ЕУ повика на брзо смирување на политичката криза во Јужна Кореја
- Европската унија денеска повика на брзо решение на политичката криза во Јужна Кореја, откако пратениците во Сеул гласаа за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол.
Брисел, 14 декември 2024 (МИА) - Европската унија денеска повика на брзо решение на политичката криза во Јужна Кореја, откако пратениците во Сеул гласаа за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол.
- ЕУ ги следи случувањата околу импичментот на претседателот Јун Сук Јеол. Сега е важно да се обезбеди брзо решение на политичката криза, во согласност со уставот на Јужна Кореја, изјави портпаролката на ЕУ, Анита Хипер, пренесува Бета.
Парламентот на Јужна Кореја денеска во вториот обид му изгласа импичмент на претседателот. Предлогот за негово отповикување беше поддржан со тајно гласање од 204 пратеници во 300 члениот јужнокорески парламент.
Тоа значи дека Јун Сук-Јеол веднаш е суспендиран од функцијата, а премиерот Хан Дук Со станува вршител на должноста.
Јун Сук-Jеол соопшти дека нема да се повлече од функцијата, иако парламентот гласаше за негово отповикување поради обидот за воведување воена состојба на 3 декември, што предизвика политичка криза во земјата.
Јун Сук-Jеол изјави дека ќе се бори до последен момент за задржување на претседателската функција, јави Јонхап.
- Иако сега морам да застанам, патувањето што го направив со луѓето кон иднината во последните две и пол години никогаш не смее да престане. Никогаш нема да се откажам. Ќе се борам до крај, изјави Јун Сук-Jеол.са/
Фото: ЕПА