ЕУ и Белата куќа го осудија рускиот напад во областа Херсон
- Денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, областа Херсон, при што загинаа 51 човек го осудија Европската Унија и Белата куќа
Киев, 5 октомври 2023 (МИА) – Денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, областа Херсон, при што загинаа 51 човек го осудија Европската Унија и Белата куќа.
- Со овој крвав напад врз селото Хроза, руското насилство достигна ново и уште позлобно ниво. Намерните напади врз цивили се воено злосторство … Руските лидери, команданти, сторителите и соучесниците на овие злосторства мора да бидат повикани на одговорност, изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.
Белата куќа рускиот напад го оцени како „застрашувачки“.
- Мораме да продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, бидејќи живее во ужасна реалност секој ден, изјави портпаролката на Белата куќа.
Во областа Херсон од утре е прогласена тридневна жалост.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по нападот повторно побара од западните земји да достават системи за противвоздушна одбрана. ми/
фото: МИА архива