• среда, 13 ноември 2024

ЕУ: Жалиме што Кина го одобри безбедносниот закон за Хонгконг

ЕУ: Жалиме што Кина го одобри безбедносниот закон за Хонгконг
Брисел, 30 јуни 2020 (МИА) - Европската унија изрази незадоволство поради денешната едногласна одлука на кинескиот Парламент да го усвои законот за национална безбедност за Хонгконг. - Жалиме поради ваквата одлуката на Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на видео разговорот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ внимателно ќе разгледа како да одговори на кинеската одлука. Хонгконг во 1997 година е вратен под кинеска управа според принципот „една земја, два система“, со кој е гарантиран повисок степен на автономија отколку во останатиот дел на Кина. гт/

Тагови

Остани поврзан