• недела, 24 ноември 2024

ЕУ го поодолжи режимот на санкции поврзани со БиХ до март 2026 година 

ЕУ го поодолжи режимот на санкции поврзани со БиХ до март 2026 година 

Брисел, 25 март 2024 (МИА) - Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи режимот на рестриктивни мерки кон лица кои со своите постапки ги загрозуваат суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Босна и Херцеговина за уште две години до 31 март 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Со ваквата одлука Европската Унија ќе може да воведува санкции кон поединци или субјекти кои ги поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот карактер на Босна и Херцеговина и кои сериозно ја загрозуваат безбедносната состојба во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор. 

На санционираните опфатени со овој режим им е замрзнат имотот во ЕУ и е забрането да им се ставаат на располагање средства, а дополнително на физичките лица им се збранува влез во Унијата. 

Одлуката за воведување режим на рестриктивните мерки поврзани со ситуацијата во Босна и Херцеговина е донесена на 21 март 2011 година. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан