• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ го објави првото заедничко барање за прекин на огнот во Газа

ЕУ го објави првото заедничко барање за прекин на огнот во Газа

Брисел, 21 март 2024 (МИА) – Лидерите на ЕУ го објавија своето прво заедничко барање за хуманитарен прекин на огнот и ослободување на сите заложници во Газа во заедничката изјава на денешниот самит, јави ДПА.

Во изјавата се повикува на „итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот“ и повторува осудата на нападите на Хамас на 7 октомври против Израел.

По нападите на Хамас, лидерите на ЕУ во октомври само повикаа на „хуманитарни коридори и паузи“ во Газа за да се овозможи помошта да стигне до палестинските цивили.

Ирска, Шпанија и Белгија се заложија за прекин на огнот на самитот во Брисел. Германскиот канцелар Олаф Шолц се согласи на повиците откако претходно се спротивстави на прекинот на огнот во октомври, наведувајќи го правото на Израел на одбрана од нападите на Хамас. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан