• среда, 25 декември 2024

ЕУ го обвини „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција

ЕУ го обвини „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција

Лондон, 24 јуни 2024 (МИА) - Регулаторите на Европската унија ја обвинија денеска компанијата „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција спречувајќи ги програмерите на софетверот во App Store да ги пренасочуваат корисниците на други места.

Европската комисија соопшти дека според прелиминарните наоди од нејзината истрага, производителот на „Ајфон“ го прекршил Законот за дигитални пазари на ЕУ.

Правилникот, исто така познат како ДМА, е сеопфатен сет на прописи чија цел е да ги спречи технолошките гиганти да ги заземат дигиталните пазари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан