ЕУ ги продолжува буџетските ограничувања за Унгарија поради недостиг на реформи
- Европската Унија ќе ги задржи буџетските ограничувања за Унгарија, бидејќи властите во оваа земја не спровеле доволни реформи за спречување на конфликт на интереси меѓу официјалните лица, објави ЕУ.
Брисел, 16 декември 2024 (МИА) - Европската Унија ќе ги задржи буџетските ограничувања за Унгарија, бидејќи властите во оваа земја не спровеле доволни реформи за спречување на конфликт на интереси меѓу официјалните лица, објави ЕУ.
„Законските измени во Унгарија не претставуваат адекватен одговор на проблемите со конфликтот на интереси", наведува ЕУ. Затоа, остануваат во сила санкциите кои вклучуваат замрзнување на 55 отсто од средствата за три програми на ЕУ и забрана за преземање обврски од страна на унгарските институции.
Во септември, Европската комисија објави дека Унгарија ќе изгуби 200 милиони евра од фондовите поради непочитување на законите на ЕУ во областа на азилот. ссм/
фото: архива