• недела, 24 ноември 2024

ЕУ ги предупреди членките за ризик од недостиг на опрема за вакцинација против Ковид-19

ЕУ ги предупреди членките за ризик од недостиг на опрема за вакцинација против Ковид-19

Брисел, 30 јули 2020 (МИА) - Европската унија ги предупреди државите членки за ризик од недостиг на шприцови, марамчиња и заштитна опрема што е потребна за потенцијална масовна вакцинација против Ковид-19 и ги повика да размислат за организирање заедничка набавка, се вели во документ на ЕУ.

Европскиот блок исто така побара од владите на ЕУ заеднички да размислат за купување повеќе вакцини против грип и зголемување на бројот на вакцинирани лица со цел да се намали ризикот од истовремена појава на грип и Ковид-19 наесен.

Шприцовите и другите предмети може да недостигаат бидејќи се развиваат вакцини за „Ковид-19“, им порача Европската комисија на здравствените експерти од европските земји на состанокот минатата недела, се вели во резимето на извештајот објавено на веб-страницата.

Може да има недостиг, предупреди ЕК, прашувајќи ги владите колку имаат резерви на шприцови, марамчиња, алкохол и опрема за лична заштита, како што се маски.

ЕК апелираше до земјите на ЕУ да размислат за организирање заедничка набавка, а претставниците на Италија и Холандија изразија интерес, се додава во документот.

Остани поврзан