• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ ги осуди експлозиите во Иран како „терористички чин“

ЕУ ги осуди експлозиите во Иран како „терористички чин“

Брисел, 3 јануари 2023 (МИА) - Европската унија побара сторителите на двeте експлозии во кои загинаа најмалку 103 луѓе во толпата собрани за да го одбележат убиството на генералот Касем Сулејмани да бидат изведени пред лицето на правдата.

„ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени“, наведе портпаролот на ЕУ во соопштение.

„Нашите мисли сега се со жртвите и нивните семејства. Насилниците мора да одговараат“, додаде тој. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан