ЕУ воведува царини за САД
- Земјите-членки на Европска Унија гласаа за воведување на царини за некои за некои стоки од САД, соопшти Европската комисија

Брисел, 9 април 2025 (МИА) – Земјите-членки на Европска Унија гласаа за воведување на царини за некои за некои стоки од САД, соопшти Европската комисија.
Новите царини стапуваат во сила на 15 април.
- ЕУ ги смета американските царини за неоправдани и штетни за двете страни, како и за глобалната економија, се наведува во соопштението.
Во моментов ЕУ се соочува со американски царини од 25 проценти за челикот, алуминиум и автомобили, како и нови пошироки царини од 20 отсто за речиси сите други артикли. ми/
фото: МИА архива