• сабота, 23 ноември 2024

ЕУРО2020: Дебитантот Финска ја изненади Данска во Копенхаген

ЕУРО2020: Дебитантот Финска ја изненади Данска во Копенхаген
Копенхаген, 12 јуни 2021 (МИА) – Финската фудбалска репрезентација, која заедно со македонската, се единствените дебитанти на ЕУРО2020, приреди вечерва големо изненадување совладувајќи ја Данска во Копенхаген со 1:0 (0:0) во натпревар од првото коло во групата Б. Првиот гол во историјата за Финска на Европските првенства го постигна Јоел Похјанпало по еден час игра на стадионот „Паркен“. Заслугите за големиот триумф на Финците одат и на адреса на голманот Лукас Храдецки, кој во 74 минута го одбрани ударот од белата точка на Пјер-Емил Хјолберг. Резултатот од скандинавската пресметка, сепак, остана во сенка на шокантните сцени што се случуваа во финишот на првото полувреме, кога данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот и по десетминутна интервенција на лекарскиот тим беше пренесен во болница. Последните информации говорат дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, а данските медиуми вечерва објавија дека 29-годишниот фудбалер на Интер разговарал со лекарите и сопругата во болницата во Копенхаген каде ќе биде подложен на детални испитувања. ег/сд/

Остани поврзан