• недела, 07 декември 2025

ЕУРО 2025: Минимална победа за Италија

ЕУРО 2025: Минимална победа за Италија

Сион, 3.јули 2025 (МИА) - Првиот денешен натпревар од Европското првенство во фудбал за жени што се одржува во Швајцарија заврши со победа на Италија од 1:0 против Белгија. 

Единствениот гол на натпреварот во 44.минута го постигна Ариана Карусо, со кој Италија стигна до првата победа и трите бодови.

Ова воедно беше и првиот натпревар од групата Б, каде играат уште Португалија и Шпанија (почеток 21 часот).   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан