• среда, 25 декември 2024

„Еурофарм Пелистер“ продолжува да се засилува за новата сезона, нов член Хрватот Божиќ Павлетиќ

„Еурофарм Пелистер“ продолжува да се засилува за новата сезона, нов член Хрватот Божиќ Павлетиќ
Битола, 11 мај 2021 (МИА) – Хрватскиот ракометен репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ (27) од ова лето ќе го носи дресот на „Еурофарм Пелистер“ и е четвртото засилување во редовите на прволигашот од Битола за новата сезона. Десното крило на хрватската репрезентација, кој сезонава е член на бундеслигашот „Гепингем“, потпиша едногодишен договор со „Еурофарм Пелистер“, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. - Неговото доаѓање во Битола е голем чекор за клубот и уште едно репрезентативно име во ростерот на Жељко Бабиќ, соопшти „Еурофарм Пелистер“. Павлетиќ е четврти хрватски интернационалец во ростерот за следната сезона на Еурофарм Пелистер по Мандалиниќ, Кушан и Мараш, и воедно четврто ново име во битолскиот клуб за сезоната 2021/22 по Кизиќ, Обрадовиќ и Табоада. Официјалното претставување на Павлетиќ е закажано за почетокот на подготовките за следната сезона. ег/бак/

Остани поврзан